22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Чулев најави дека внатрешната контрола на МВР ќе проверува дали полицајците ги пречекориле овласувањата во Струга

Неопходно е граѓаните да ги почитуваат мерките со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот. Социјалната дистанца, употребата на заштитна опрема и почитувањето на одлуките за групирање се неопходни со цел спречување на понатамошно ширење на пандемијата предизвиката од Covid19, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Во таа насока ја информирам јавноста дека во случајот со Струга од страна на Министерството за внатрешни работи, најпрво превентивно е делувано со цел спречување на групирање на граѓаните. Иако, имало обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката при што наишле на однесување кое не било возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на ситуацијата. ОВР Струга, натамошните мерки за целосна реализација на случајот ги води во координација со надлежното ОЈО, вели Чулев.

Дополнително, од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени активности со цел утврдување на евентуално пречекорување на полициските овластувања од страна на полициските службеници кои го обезбедувале конкретниот настанот. Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе ги преземе сите мерки со цел зачувување на здравјето на граѓаните, информира техничкиот министер Чулев.

Спонзорирано: