3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Сочна, крцкава и супер здрава – пица за која зборува цел свет!

Ако сакате да уживате во омилените италијански вкусови без грижа на совеста – оваа пица е полн погодок.

Тајната е во карфиолот! Односно во крцкавата кора и „тестото“ во кое нема ниту грам брашно туку само свеж изрендан карфиол.

Состојки:

  • 1/2 карфиол со просечна големина
  • 1 јајце
  • моцарела ситно сечкана
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 1 лажица морска сол
  • малку црн пипер

Додатоци:

  • малку сос од домати
  • 2 раце шери домати пресечени на половина
  • 2 чешниња лук, исечкани
  • малку црвена пипер
  • листови свеж босилек
  • оригано

Начин на подготовка:

Изрендајте карфиол (треба да добиете барем две шолји со средна големина), потоа преместете го во длабок сад и ставете во микробранова малку да омекне, на 7-8 минути, на средна јачина. Оставете малку да се излади и вклучете ја рерната на 220 степени.

За тоа време ставете јајце, додајте сол, бибер, половина од моцарелата и пармезан. Сè добро измешајтеи од тоа направете подлога за пица. Можете да ја печете на обичен плех обложен со хартија за печење.

Печете 10 до 15 минути додека не позлати, а потоа извадете ја од плехот за да ги ставите останатите намирници на пицата, освен босилек.

Печете уште 10 минути, а потоа ставете листови босилек, за пицата да изгледа уште посвежо и посочно.

Добар апетит!

Спонзорирано: