Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Грција се отвора за летни одмори на 1-ви јули – Еве што подготвуваат грчките власти

Туристите повторно ќе може да доаѓаат во јули, им кажа денеска на пратениците еден од главните функционери на грчката влада.

-За туризам ќе се отвориме од 1 јули, кажа во парламентот државниот министер Јоргос Герапетритис.

Деталите за повторното придвижување на туристичката индустрија, вклучувајќи ја финансиската поддршка, ќе се утврдат на 15 мај.

Најавата на Герапетритис е во иста насока со изјавата на премиерот Кирјакос Мицотакис од интервјуто за Си-ен-ен во понеделникот дека прво мора да се утврдат протоколите за безбедно патување.

Туристичката индустрија сочинува 30 отсто од грчкиот БДП и дава најголем поединечен придонес на буџетот.

Пандемијата на коронавирусот создаде паника меѓу хотелиерите, туристичките агенции, угостителите и стопанските гранки поврзани со нив, а една третина се плашат од пропаѓање.

Владата процени дека земјата поради пандемијата изгубила 22 милијарди евра и 45.000 работни места.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата паѓаат по објавата на Трамп

C +

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание

C +

Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG 

C +