15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

10 совети како да заштедите гориво

Ништо не укажува на тоа дека наскоро би можело да не израдува пад на цените на горивата. Затоа оние кои поради некоја причина, не можат да се откажат од своите возила, не постои ништо друго освен да штедат при возењето. Еве 10 начини како да заштедите …

1. Слабо надуена гума секогаш ја зголемува потрошувачката. Затоа, често проверувајте го притисокот во гумите;

2. Кога застанувате, на пример пред семафор, возете во брзина, а не со притиснат кумплук;

3. Не забрзувајте и не кочете непотребно, одржувајте темпо во возењето;

4. Не вклучувајте непотребни различни уреди кои ја зголемуваат потрошувачката- клима уред, грејач на стакло, грејач на седиште итн;

5. Поврзете ги дестинациите бидејќи возењето на кратки релации троши повеќе гориво;

6. Редовно одржувајте го возилото;

7. Немојте непотребно да го оптоварувате возилото – ослободете го од сите непотребни работи што ги превезува (на пример, багажник на кров);

8. Возете на ниски вртежи, порано префрлувајте на повисок степен;

9. За време на подолго застанување угаснете го моторот;

10. Не возете со отворени прозорци – протокот на воздух ја намалува аеродинамиката.

Спонзорирано: