Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за 24 Телевизија ги коментираше барањата на официјална Софија. Според него македонскиот јазик не може да се оспори.
“Македонскиот јазик е дел од Договорот за пријатеслтво и соработка. Немаат ни тие дилеми за ова прашање. Денеска и Борисов го рече тоа. Што се однесува до нивната едностраната изјава таа не е дел од условите за почеток на преговорите. Европскиот совет одлучи да започнеме преговори без никакви услови таму е и Бугарија која гласаше за почетокот на преговори без услови. Уверен сум дека може да најдеме решение кое е победничко за двете страни”, рече претседателот на СДСМ.
Заев во својот коментар ја обвини опозицијата дека го користи ова прашање во изборни цели.
“Опозицијата го отвара ова прашање пред избори со подигање на национализам и популизам а Софија реагира. Ние покажавме дека знаеме да најдеме решение низ дијалог. Што се однесува до квазипатриотите од Мицковски и неговата партија до ден денес не слушнавме дека се оградиле од изјавата на нивен висок функционер за тоа дека Блаже Конески е џуџето од Небрегово” изјави Зоран Заев


