11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Со Максим заедно се боревме против режимот, но и се боревме да има правда за сите, да нема привилегирани

Претседателот на СДСМ Зоран Заев се огради од изјавите и ставовите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кои ги даде откако му беше изречена казна поради тоа што не ја почитувал мерката за изолација.

„Како партија се оградивме од Максим Димитриевски. Не може заради тоа што добил санкција и поради што законот важи за сите, режимска да била власта. Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат ниту е член на СДСМ, ниту има книшка. Таа е лекар и таа правела контрола на повеќе здравствени институции и постапува по закон. Втора работа, ако Заев го паркирале дома, ако Мицкоски го паркирале дома во самоизолациј, Максим не ја почитувал мерката за самоизолација и мора да има санкции. Ние со Максим се боревме рамо до рамо против режимот, но се боревме да има правда за сите, да не биде никој привилегиран“, изјави Заев.

Тој нагласи дека законите мора да важат подеднакво за сите, а дополнително социјалдемократите имаат голема одговорност и треба да бидат пример за сите.