20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев на ТВ24: На лидерската средба ќе побараме избори во најбрзиот можен рок, ако тоа го дозволи состојбата со коронавирусот

Очекувам на лидерската средба да се дефинира датумот за одржување на избори. Најдобро за државата и за граѓаните од здравствен и од економски аспект е да има избори во првиот можен рок. Тоа ќе го побараме на лидерската средба кај претседателот на државата идната недела, под услов здравствените власти да препорачаат дека состојбата со пандемијата се смирува, бидејќи здравјето на граѓаните е најважно, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето на ТВ24.

-Прво ќе побараме да се слушнат сериозните аргументи на институциите, тоа е најважно. Ако ние се согласиме со тоа тогаш лесно како одговорни луѓе, водиме политички партии претендетни меѓу нас. Треба да се поставиме одговорно. Ние нема да дебатираме со претседателот на државата дали ќе има трета или не вонредна состојба, оставаме на институциите да кажат, рече претседателот Заев

Се очекува одлука на Уставниот суд за прашањето околу свикување на Собранието, ние имавме иницијатива, претсдедателот на Собранието така одлучи и ние ќе ја почитуваме таа одлука. Не верувам дека Уставниот суд ќе донесе друга одлука, кога веќе еднаш донел одлука, рече Заев, додавајќи дека до 12 мај ќе се знаат ставовите и на Уставниот суд, додаде Заев.

-СДСМ ќе победи на изборите кога и да се случат. Најдобро за државата е избори што е можно побрзо. За да имаме функционален парламент, да има политичка Влада со политичка одговорност во самата Влада а притоа да избегнеме ризик можен во есента да не ни се повтори кризата. Септември, октомври ако бидат изборите – ќе победиме побторно, крајот на ноември ако бидат или 5, 6ти декември … пак ќе ги победиме. Заради тоа што Владата има сериозни успеси, менаџментот со кризата е дополнителен успех којшто се калкулира од страна на граѓаните, но ги решивме сите стратешки прашања, успеавме членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ, додаде Заев.

Ова се здраворазумски аргументи за брзо одржување на избори, кои може да бидат на средината на јуни, истакна Заев, но нагласи дека се зависи од состојбата со коронавирусот и препораките на здравствените власти.