7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Чулев за спотот на полицијата: „Во ниту еден момент не беа нарушени тековните активности на МВР“

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев потврди дека вечерва бил сниман спот за полицијата пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој одговори и на реакциите на дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска која претходно објави дека е неодговорно и несериозно во ова време да се повлекуваат возила и полицајци за да се снима спот.

„Ја информирам јавноста дека вечерва, во близина на спортскиот центар ‘Борис Трајковски’ се снимаше кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое МВР ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на армијата и сите други во справување со коронавирусот. Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на МВР. Доколку некој од моите колеги во МВР ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните го повикувам јавно да го каже тоа. За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија“,напиша Чулев на „Фејсбук“.

Спонзорирано: