Вработените во министерствата, државните институции, општините и јавните претпријатија и овој месец нема да одат на работа бидејќи ќе го користат ланскиот годишен одмор.
Владата на почетокот на април донесе Уредба со која вработените во јавната администрација неискористениот дел од годишниот одмор од 2019 година, наместо до 30 јуни треба да го искористат до 31 мај, а дел од одморот за 2020 да го искористат до крај на јуни. Повеќе од месец и половина дома седеа скоро сите, а не само тие што беа ослободени затоа што имаат деца до 10 години и нема кој да им ги чува. Но, иако не одеа на работа поради мерките и препораките на Владата да се работи од дома за да нема групирање, сега ги запишуваат старите годишни одмори и не се враќаат на работа.
Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК откако министерот Венко Филипче најави олабување на мерките и враќање на работните места, на административците кои седеле дома им било кажано дека после првомајскиот продолжен викенд треба да се вратат на работа. Но, голем број од вработените во јавниот сектор, не сакаат да се вратат на работа и почнале да поднесуваат барања за користење на годишните одмори од лани.
На прашање зошто ланскиот годишен одмор на административците не им се укине бидејќи седеа дома, од Владата одговорија дека годишниот одмор е законско право на секој работник.
Целиот текст прочитајте го на СДК.МК


