Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претпладне сонце, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер. Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд, засилување на ветерот и појава на грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 20 до до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотарен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло време со сочеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК