Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео-предупредување: Невреме во Македонија – Можен е и град

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди.

Во попладневните часови повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со краткотраен силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Прогноза за 01.05.2020
Минимална температура: 5°C до 13 °C
Максимална температура: 20°С до 26°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Прогноза за 02.05.2020
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 19°C до 25°C
Променливо облачно со умерен до засилен југозападен ветер. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со појава на град.

Прогноза за 03.05.2020
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 18°C до 23°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на места ќе има појава на краткотарен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен претежно северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ИЗБИРА НОВ ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Пет кандидати во трка, гласаат 187 обвинители

ДЕСК