Centar.mk
БИЗНИС

Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

Пивара Скопје стартува со иницијатива за поддршка на угостителството, кое е меѓу најпогодените сектори од глобалната пандемија. Под мотото „Бевте тука за нас, сега ние за вас” им помагаме на нашите партнери за полесно да се справат со новите промени и услови во кои се најдоа поради мерките за спречување на ширењето на COVID-19.

За таа цел преку он-лајн платформата Grouper.mk, граѓаните на едноставен начин, со купување на ваучери ќе можат да го поддржат својот омилен ресторан, кафеана и кафе бар. Купениот ваучер ќе може да го искористат кога објектите ќе бидат повторно отворени.

Сега е моментот да покажеме дека сме солидарни и преку купувањето ваучери да помогнеме на што поголем број угостителски објекти и да придонесеме за позитивни промени.

Сите кои сакаат да се приклучат кон иницијативата на Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk и да купат ваучер, можат тоа да го направат на следниот линк: https://grouper.mk/tag/razveseli-kafana

Можеби ќе ве интересира

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

ДЕСК

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК