21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кумановската компанија „Квалитет пром“: Нема да отпуштиме ниту едно лице, нашите работници се нашиот најголем капитал

Кумановската компанија „Квалитет пром“, која вработува 750 лица, нема да отпушти ниту еден вработен, ќе ги продолжи договорите за вработување на сите и заедно со своите вработени ќе ја преброди економската криза што ја наметна коронавирусот, соопшти раководството на компанијата.

На овој начин најголемиот работодавач во Куманово покажува општествена одговорност и во овие тешки времиња за сите, и се грижи за своите вработени. Според нив, работниците се нивниот најголем капитал.

„Негуваме позитивна корпоративна култура и отпуштањете на вработените е краткорочна стратегија, која не носи ништо добро на пазарот на трудот и капиталот. Вработените во нашата компанија се најголемиот капитал и за нашиот брендинг се пред, за време и по завршување на кризата наше богатство“, соопштуваат од компанијата.

Од „Квалитет пром“ информираат дека во целост ги почитуваат препораките и мерките на Владата, а дополнително и имплементирале План и мерки за безбедност и здравје при работа во услови на опасност од ширење и зараза на коронавирусот, со единствена цел да го зачуваат здравјето и благосостојбата на нивните вработени.

„ Сево ова во својата севкупност го сметаме како влог во иднината и со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Имаме успешна формула за менаџирање со луѓето и продолжуваме, подобруваме, ги прошируваме капацитетите на нашите човечки ресурси и ја зајакнуваме уште посилно во ова здравствено економска криза меѓусебната лојалност на компанијата и вработените„, велат од компанијата.

Компанијата се занимава со продажба на железо и градежни материјали, а од 01.11.2017 година е основана подружница Квалитет Пром Производство, за производство на електрични модули за автомобилска индустрија, проект на кој се гордееме и претставува голем чекор за намалување на невработеноста и отварање на нови работни места.

Спонзорирано: