Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Нова одлична понуда од А1 за своите корисници

Во овој период на зголемена потреба од мобилен интернет, А1 Македонија лансираше нова понуда за своите постпејд корисници. Со активација на месечниот интернет пакет Net 20GB, корисниците добиваат 20GB интернет за само 299 денари.

Како компанија која постојано излегува во пресрет на потребите на своите корисници, А1 Македонија и овој пат понуди атрактивна промоција за постпејд корисниците. Зголемениот интернет сообраќај поради работата од дома, онлајн едукацијата како и виртуелната комуникација со најблиските се само едни од причините поради кои корисниците имаат потреба од ваков тип на понуда.

Пакетот е достапен за приватни и деловни A1 постпејд корисници, исклучиво преку дигиталните канали – апликацијата Мојот А1 и веб верзијата на Мојот А1. Корисниците можат да го активираат со одбирање “Пакети” во менито на апликацијата А1, потоа со избирање “Net 20GB” во подменито “Достапни национални услуги”.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Да ги почитуваме мерките за заштита на јавното здравје и да ги користиме дигиталните алатки за комуникација.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК