Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација да излеземе како победници

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско-методистичката црква во државата.

„Од сè срце посакувам празникот на Христовото воскреснување да го поминете во добро здравје, мир, радост и неизмерна љубов. Нека празникот на светлината придонесе да ги отвориме нашите срца и да ја зацврстиме нашата вера и оптимизам, мотивирајќи нè на духовни подвизи и на благородни дела. Велигденското празнување годинава ни доаѓа во период кога целиот свет се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Затоа мораме да останеме внимателни и дисциплинирани, преземајќи ги сите мерки на претпазливост и почитувајќи ги сите препораки во борбата со КОВИД-19. Токму Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници. Светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата со кои се соочуваме“, се вели во честитката од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК