14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАБИЗНИС

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи

Суровата нафта од типот Западно-тексашка лесна нафта (ВТИ) забрзано поевтинува и денеска во текот на берзански активности достигна рекордно ниска цена од 17.81 долари за барел.

Со тоа, цената на овој тип нафта забележа најголем пад во изминатите 18 години, јавуваат светските медиуми. Поевтино оваа нафта се продавала во 2001 година, кога чинела 17.65 долари за барел.

Британската марка на сурова нафта, Брент, пак денеска се спушти до 28.02 долари за барел. Овој тип на нафта го користи македонската регулаторна комисија при одредување на малопродажните цени.

Руската „Јуралс“ од Сибир моментално чини 23.30 долари за барел. Ниската цена на нафтата го запре приливот на готовина во државниот буџет на Русија со изглед на заострување на екомската криза во земјата, независно од историскиот договор за намалено вадењето нафта со ОПЕК+.

Спонзорирано: