Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Уште неколку дена сонце, па невреме – Метеоцентар со детална прогноза

Од денес попладне следува период со повремено зголемување на облачноста. Услови за локален дожд ќе има утре во попладневните часови претежно во јужните делови и ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Врнежливо во поголем дел од земјава ќе биде во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда, кога ќе дува засилен северен ветер, а тоа ќе услови опаѓање на дневната температура во среда.

Прогноза за 13.04.2020
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 16°С до 23°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 14.04.2020
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Прогноза за 15.04.2020
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК