Интегрално ја пренесуваме реакцијата на СДСМ:
Целата држава, институциите, граѓаните, службениците, сите бескомпромисно се борат против коронавирусот, само фрустрираниот Христијан Мицкоски очајни шири лажни вести и неоснована паника.
Со таквото однесување, со свесното ширење лажни вести, Мицкоски е опасен по здравјето на граѓаните.
Лажните вести на Мицкоски се одраз на неговата неодговорност и неспособност и ништо повеќе, граѓаните да бидат спокојни.
Не е точно дека нема тестови за коронавирус, оваа е безобразна невистина на Мицкоски која е демантирана и од надлежното Министерство за здравство.
Во државата има доволен број на тестови, над 4.500 тестови има само во Институтот за јавно здравје и дополнителни количини во приватни клиники., а со првичната набавка неделно се надополнува количина од по 2.000 теста.
Исто така не е точно дека ќе се намалат пензиите, тоа е уште една лага на Мицкоски. Со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери.
Работниците, пензионерите, граѓаните може да бидат спокојни, државата е тука за нив и помага.
Нема да дозволиме Мицкоски да ги загрози пензиите на 515.000 пензионери. Небулозните „мерки“ на Мицкоски со кои бара да се земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд се неприфатливи и тоа нема да се дозволи.
Не само што шири лажни вести, Мицкоски покажа дека нема никакво, ама баш никакво познавање од економија. Дури не знае да ги прочита правилно ниту усвоените Уредби од Владата. Се што кажа Мицкоски поврзано со усвоените Уредби е исто така неточно.
Ако веќе не може да помогне, Мицкоски нека не одмага.
Најдобро е своите фрустрации да престане да ги истура врз граѓаните.
Владата, институциите покажаа подготвеност и капацитетност да се справат со кризата, преземаат навремени мерки и тоа ќе продолжат да го прават и понатаму.
Заедно со граѓаните ќе се справиме со оваа здравствена и економска криза.