Centar.mk
БИЗНИС

#ОстаниДома: нова дигитална опција од Македонски Телеком

Деновиве најважно е да останеме дома, но и непречено да комуницираме, работиме и да се едуцираме. За да останеме поврзани во овие услови, Македонски Телеком воведе нова опција #ОстаниДома, која се активира дигитално преку Telekom МК апликацијата и нуди одлични поволности.

Со опцијата #ОстаниДома, Magenta 1 и Smart портфолиjата стануваат дигитални, а корисниците добиваат повеќе поволности: 15 GB мобилен интернет месечно во Smart М и Magenta 1 M и електронска сметка. Дополнително, секој месец може да избираат и активираат придобивки по сопствен избор на TelekomMK апликацијата: 5 GB мобилен интернет, опцијата VIDEO (You Tube, Netflix, HBO Go и MaxTV GO) или SMS пакет кон сите мрежи.

Со новата опција #ОстаниДома, корисниците остануваат поврзани од дома со едноставно дигитално искуство и добиваат повеќе вредност, без дополнителен надомест.

Македонски Телеком

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА! Ограничување на литража при купување на гориво во бензински во Словенија

ДЕСК

Вечерва нов драстичен раст на цените на нафтата

ДЕСК

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

ДЕСК