Centar.mk
БИЗНИС

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Пекабеско изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари и со тоа се приклучи на иницијативата на Владата и Министерството за финансии која има за цел давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

„Сакаме да дадеме конкретна поддршка со цел во овие тешки моменти државниот буџет да се одржи во стабилна кондиција. Со овој потег ја поддржуваме и работата на медицинскиот персонал, безбедносните сили и сите директно вклучени во спроведување на мерките за превенција на населението од овој вирус. Важно е сите да работиме заедно со цел ваквата состојба поскоро да заврши, а ги повикуваме нашите соработници и други компании да ги следат ваквите чекори на бизнис заедницата бидејќи денес е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности“, истакна Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Повторно поскапување на дизелот

ДЕСК

ОКТА го продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот

ДЕСК