19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Владата од вечерва ги суспендира Извршителите – Нема извршување за време на кризата

Владата денеска донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година, освен доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Според оваа Уредба, Член 2 утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

– Во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;

– Со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови;

– Со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Уредбата утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот определен со Член 1 на оваа Уредба, односно до 30 јуни 2020 година.

Основните судови во Република Северна Македонија, се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето врз основа на Член 86 од Законот за извршување, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор врз основа на член 87 од Законот за извршување, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Можеби ќе ве интересира

„ Измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност: Пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда и задолжителни соларни системи во јавните згради“

ДЕСК

Поевтини се, многу вкусни, не мора да ги враќате стаклените шишиња во продавница – Широк спектар на увозни пива ги освојува срцата на Македонците ова лето

ДЕСК

Зошто увозните пива доминираат на македонските маркети? – Многумина сметаат дека се повкусни и поевтини

ДЕСК