Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Се забранува стечај на фирми за време на кризата- падна важна одлука на Владата

На оваа, 26-та седница, Владата донесе Уредба со законска сила за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба.

Со уредбата за поведување на стечајна постапка и поведување на претходна постапка, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба.

Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

Можеби ќе ве интересира

Есенската „златна жетва“: вргањ, шумската акција што носи чиста заработка

ДЕСК

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

ДЕСК

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

C +