Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со полни раце работи – Уапсени 18 лица кои давале отпор, 70 опоменати за време на полицискиот час

Осумнаесетмина завршиле во полициска станица затоа што не го почитувале полицискиот час дознава Centar.mk.

Според неофицијални извори од МВР, пет вакви случаи биле забележале во Тетово, неколку во Кочани, Куманово, Радовиш, Вицина и Гостивар.

На сите овие ќе им биде изречена пријава за ширење зараза по член 206 од казнениот законик, односно непостапување по здравствени прописи за врмее на пандемија, а бидејќи давале отпор ќе се соочат и со кривично дело напад на службено лице, па им се заканува и притвор.

Кај дел од нив било најдено и оружје

Полицијата опоменила и 74 граѓани кои не ја почитувале мерката, па откако биле пресретнати од полицајците добиле опомена и биле упатени да си одат дома.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +