Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жито Лукс со донација за социјално загрозени лица и семејства

Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше леб за социјално загрозени лица и семејства, како директна помош на најранливите категории граѓани во новонастанатата состојба во земјава.

„Во услови на голема криза со која се соочува државата врзана за пандемијата од корона вирусот, сметавме дека како општествено одговорна компанија треба да помогнеме на оние категории граѓани кои имаат потреба од основни прехранбени производи. Донацијата ја реализираме преку Организацијата на Црвениот крст бидејќи истата располага со податоци и најдобро знае на кои лица или семејства им е потребна ваква помош“, велат од Жито Лукс.

Компанијата и претходно има остварено соработка со Црвениот крст и донирано свои производи кои волонтерите на Организацијата ги распоредуваа таму каде што е најпотребно.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – граѓаните живеат полошо

ДЕСК

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК