Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Вонредната состојба е за полесно и побрзо справување со ширењето на коронавирусот и надминување на економските последици, нема нови ограничувања за граѓаните

Вонредната состојба во земјата во наредните 30 дена и дава повеќе можности на Владата поефикасно да се справува со ширењето на коронавирусот и со ублажување на економските последици, соопшти СДСМ.

„Вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните.

Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот. Маркетите и аптеките и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите.

Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.

СДСМ ја поздравува иницијативата на Владата, како и одлуката на Претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.

Граѓаните и натаму да се придржуваат до мерките, задолженијата и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК

Поднесена кривична пријава и одреден притвор за насилници од Турција поради напад врз доставувач во Скопје

ДЕСК