Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нема нови заболени со коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.

Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.

Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.

Можеби ќе ве интересира

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК

Поднесена кривична пријава и одреден притвор за насилници од Турција поради напад врз доставувач во Скопје

ДЕСК