23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Верувам дека институциите ќе прогласат вонредна состојба

Здравјето на граѓаните нема цена. На оваа средба го споделивме ставот дека нема услови за спроведување на изборите и сите наши капацитети ги ставаме во фунцкија на заштита на здравјето, изјави по денешната лидерска средба во претседателската вила на Водно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Сега кога имаме заеднички непријател не е време за политички противници. Заштитата на граѓаните е тоа кон кое треба да се сите насочени. Сакам да најавам дека подготвуваме сет на економски мерки за помош на најпогодените. Сите мора да се однесуваме солидарно, маката да ја поделиме и да излеземе посилни. Имајќи ја предвид ситуацијата, воведувањето вонредна состојба е неопходно за да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните и економските мерки за стопанството и граѓаните. Јавно признание и почит на сите против борбата со овој вирус. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предизвик. Затоа е важно сите граѓани да останат посветени на заштита од спроведување на мерките и препораките, да покажеме одговорност и да си ја заштитиме државата. Истовремено, му дадовме право на претседателот Пендаровски да свика експертска група и да ги најде правно-моралните модалитети за одложување на зборите и за повторно распишување. Верувам дека консензусот постигнат од сите е сериозна порака од сите. Верувам ќе се најдат правни формулации. Верувам дека институциите ќе донесат одлука за прогласување вонредна состојба – изјави Заев по средбата.