Centar.mk
БИЗНИС

Бил Гејтс го напушта управниот одбор на на „Мајкрософт“

65-годишниот Бил Гејтс, еден од основачите на „Мајкрософт“, го напушта управниот одбор на компанијата за да се посвети на своите филантропски активности. Тој вели дека сака да се фокусира на здравјето, развојот и образованието во светот и да работи на климатските промени.

Освен управниот одбор на „Мајкрософт“, Гејтс го напушти и управниот одбор на „Беркшир Хетавеј“, компанијата на милијардерот Ворен Бафет. Тој престана да управува со „Мајкрософт“ во 2008 година.

Гејтс се наоѓа на второто место на листата на „Форбс“ со најбогати луѓе во светот, веднаш по основачот на „Амазон“, Џеф Безос. Богатството на Гејтс се проценува на 103,6 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

МФ: ММФ ги нотира и поздравува заложбите на Владата за фискална консолидација

ДЕСК

Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините

ДЕСК

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ДЕСК