Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски: Граѓаните да ги следат информациите на институциите, а не лажните вести кои шират страв и паника околу корона вирусот

Премиерот на државата и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски во вечерашното он-лајн интервју изрази благодарност до сите медиуми и новинари кои се на висина на состојбата и одговорноста, додавајќи дека тие се дел од решението на проблемот и настојуваат да им да помогнат на институциите и на граѓаните.

Но, постојат медиуми но и граѓани кои покажуваат крајна неодговорност со пласирање лажни вести, во борба за сензационализам, како и лажни вести проткаени со политичка нишка, рече Спасовски.

МВР е задолжено на дневна основа да ги следи информациите и каде има лажни информации, кои предизвикауваат страв и паника да преземат мерки и да пријават во ЈО, со цел да го заштитиме јавниот интерес, прача Спасовски.

Апелирам до сите, пред се до граѓаните да ги следат информациите на институциите во врска со состојбата со корона вирусот, тоа е вистината што треба да се знае, друго е прпаганда за која ќе следи одговорност, порача потпретседателот на СДСМ и претседател на Владата, Оливер Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК