Интегрален текст од изјавата за медиуми на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски:
Почитувани,
Вечерва со генералниот секретар на Движењето Беса, Арјант Хоџа, како претставници на најголемата и најразнолика коалиција “Можеме” ги доставивме листите за кандидати за пратеници.
На овие листи се наоѓаат 120 имиња, одговорни граѓани кои ја сакаат својата земја, кои се спремни да направат сѐ за својот народ и да се вложат себеси во професионална работа на независен Парламент.
Ова е најголемата коалиција моментално, составена од различни партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните и иднината на државата како што е членството во НАТО и ЕУ, силен економски раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правна и праведна држава и здрава животна средина.
Токму тоа се клучните столбови околу кои се обединија различни политички партии, зад кои застанаа сите етнички заедници во коалицијата „Можеме“ и кои носат уште побрз и посилен напредок на земјата.
Сите политички субјекти од оваа најголема и победничка коалиција ја препознаа важност и потребата на граѓаните, а тоа е државата да продолжи по вистинскиот пат.
Затоа што сега кога државата е на вистинскиот пат, кога станува дел од НАТО и кога следува почеток на преговори со ЕУ, важно е да продолжиме уште поисилно по тој пат.
Важно е да продолжат реформите, да продолжат да растат платите и пензиите, да расте економијата, да растат инвестициите, да продолжи развојот на инфраструктурата, да продолжат вложувањата во образованието, здравството, социјалната заштита.
Докажавме, а во новиот мандат ќе потврдиме дека можеме уште повеќе и уште подобро.