23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„СДСМ на следните избори настапува со силна програмска и персонална понуда, можеме уште повеќе и уште подобро!“

Новата програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за следниот 4 годишен мандат предвидува пет столба кои носат позитивна трансформација на нашето заедничко едно општество, соопшти СДСМ.

„100.000 нови работни места и повисоки плати за сите граѓани. СДСМ е насочена кон градење на економски силна и стабилна земја.

Грижата за сите граѓани е вториот столб, кој како мерки вклучува социјалната помош за 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, 65.000 деца ќе примаат детски додаток, 10.000 деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој.

Ред , дисциплина и правда е третиот столб на програмата на СДСМ. Градиме праведна, правична и правна држава.

Фокусот на четвртиот столб е заложби за поздрава животна средина односно градиме ЕКО држава. Следува строга контрола и високи казни за загадувачите.

И петтиот столб на изборната програма е насочен кон НАТО и ЕУ, со цел европеизирање на државата и носење на европските вредности дома.

За прв пат, СДСМ и Коалицијата започнаа нов концепт, нова пракса на тандем носители составени од жена и маж во сите изборни единици, за уште поголема родова еднаквост.

Сите носители, сите 120 кандидати за пратеници се угледни, признати личности кои се подготвени да работат напорно и посветено за граѓаните. И токму тие личности ќе ја донесат големата и чиста победа на 12 април.

Ова е најголемата, најразноликата и победничка коалиција со родово нај избалансираната понуда на сите избори од независноста па до денес.

Со ваква понуда на Програма и персонални решенија, никој веќе нема дилеми, СДСМ и коалицијата се победници на 12 април.

Затоа што знаеме дека можеме! Уште подобро и уште повеќе! Затоа на 12 април носиме уште една голема победа за нашата држава и за секој граѓанин.“- се вели во соопштението.