Оваа храбра и силна жена, Емел, не дозволила да ја скрши садизмот на режимот кој ѝ пресудил уште пред да се одржи фарсата од судење. Вели дека е излезена од затвор, но не знае што е слобода. Зад нејзината потресна исповед, само се насетува монструозноста на бездушните луѓе, поданици на режимот. Извесно е дека има уште многу да каже. Емел е една од многубројните жртви на режимот. Своевремено, за тие што му пречеа на режимот, протагонистите на бруталното структурно насилство велеа дека ќе завршат „во ендек“ (Мартин Протуѓер), дека „ќе ги сотреме“ (Гордана Јанкуловска, МВРО)… Правдата сѐ уште е далеку, но Емел верува дека таа ќе дојде, објави ЦИВИЛ Медиа.
Никогаш не може да се избришат страдањата на Емел Рамковска и нејзиното семејство кои поминаа долги години зад решетки. Емел помина шест години во затвор, од кои првите години ги помина во крајно сурови услови во злогласниот притвор во Шутка. Во тоа време, судијката ѝ „пресуди“ да не ги гледа своите деца цели 28 месеци. Поради сериозно нарушеното здравје во притворската изолација од светот и од нејзините две деца, таа повремено била лекувана во здравствените установи низ главниот град. Тоа била „среќна“ околност, бидејќи така успеала да си ги види децата в болница.
Оваа храбра и силна жена, Емел, не дозволила да ја скрши садизмот на режимот кој ѝ пресудил уште пред да се одржи фарсата од судење. Вели дека е излезена од затвор, но не знае што е слобода. Зад нејзината потресна исповед, само се насетува монструозноста на бездушните луѓе, поданици на режимот. Извесно е дека има уште многу да каже. Емел е една од многубројните жртви на режимот. Своевремено, за тие што му пречеа на режимот, протагонистите на бруталното структурно насилство велеа дека ќе завршат „во ендек“ (Мартин Протуѓер), дека „ќе ги сотреме“ (Гордана Јанкуловска, МВРО)…
Правдата сѐ уште е далеку, но Емел верува дека таа ќе дојде.