Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ахмети – Соботка: Објектив на ДУИ е Европската Унија

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари работна средба со претседателот на австриското собрание, Волфганг Соботка.

Ахмети му се заблагодари на Соботка за посетата и изрази признание за австрискиот придонес во воспоставувањето на мирот во Република Северна Македонија.

Ахмети истакна дека објектив на ДУИ е Европската Унија и дека Австрија е голем подржувач на нашите аспирации. Ахмети изрази уверување дека изборите ќе бидат во согласност со европските стандарди и дека ќе победи подобриот кого ќе го изберат граѓаните.

„Нашите приоритети ги опфаќаат и преспанскиот, охридскиот и договорот за добрососедство, ветингот (проверката) за владеење на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и работни места за сите“, велат од ДУИ.

Соботка повторно ја потврди големата австриска подршка за европската иднина на нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес вечерва почуствуван во Македонија

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Летно сметање на времето

ДЕСК

Пролетта доаѓа предвреме, температурите деновиве и до 20°C: Детална прогноза за првата половина од неделава

ДЕСК