Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не разбира дека судските пресуди се работа на судството, а извештајот на Фридом Хаус дополнително ги демантира нивните лаги

ВМРО-ДПМНЕ не разбира дека судските пресуди се работа на судството, а извештајот на Фридом Хаус дополнително ги демантира нивните лаги, реагираат од СДСМ на изјавата на Димче Арсовски од ВМРО- ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во својата криминална матрица, кога нарачуваше пресуди по телефон и именуваше судии од тефтерче, затоа нема капацитет да разбере дека судските пресуди се работа на судството, одосно на независни институции.

Во секое демократско општество постои извршна, судска и законодавна власт.

Најновиот извештај на Фридом хаус е дополнителен демант на лагите што масовно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот на Фридом хаус покажува нов напредок на нашата земја, пред се во политичките права и граѓанските слободи токму заради политиките на СДСМ за градење слободна и демократска земја со независни институции.

Северна Македонија има рејтинг од 63 поени, од максимално можни 100, што е подобрување за 4 поени во споредба со ланскиот извештај.

Ова зголемување е најголемо во Европа и четврто најдобро во светот.

Извештајот посебно истакнува дека се поправи „антидемократското наследство на поранешниот премиер Никола Груевски“, шефот на Христијан Мицкоски.

Дополнително, Европската Унија ги потврди реформите во судството и констатираше дека е направен „значителен напредок при обезбедувањето на независноста на судството”.

Граѓаните прават јасна разлика меѓу СДСМ, кое е за правда и правичност и ВМРО-ДПМНЕ која шири лажни вести и се залага за обнова на криминалниот режим и изолација.

Затоа на 12 април граѓаните ќе потврдат дека се за ред, дисциплина и правда и јасно ќе порачаат: режим никогаш повеќе, монтирани случи никогаш повеќе… Сваровски судство – никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК