Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Вечерва и утре невреме со породен дожд, грмежи и силен ветер

Под влијание на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса, попладне и кон крајот на денот од запад ќе почнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјава, јавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта и утре врнежите на места ќе бидат пообилни, од 20 до 30 литри на квадратен метар, локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер, што ќе достигне брзина од над 80 километри на час.

Во Скопје кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во вториот дел од ноќта и утре претпладне. Во текот на ноќта ќе дува повремено силен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК