Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец проголтал екстази кога бил фатен од полицијата, уапсени и две девојки

Три лица се приведени на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница, затоа што при нивен и преглед на патничко возило, во кое се превезувале, биле пронајдени екстази.

Како што јави полицијата станува збор за маж на 26-годишна возраст со иницијали М.Д. и две женски лица – А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје.

Мажот во меѓувреме ги проголтал таблетите и бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Двете женски лица биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК