Centar.mk
МОЗАИК

Швајцарско кино ги смени седиштата со дупли кревети

За сите оние кои сонувале кино во нивната спална, киносалата Пате во општината Спрајтенбах во близина на швајцарско-германската граница се приближи до ваквиот сон со отворање „ВИП спална соба“ со брачни кревети наместо традиционалните здодевни седишта.

Уникатната киносала има 11 кревети со прилагодливи потпирачи за глава, сиви и беж чаршафи и две перници. Постојат дури и масички покрај креветите за да се чувствувате како дома.

Еден ВИП-билетот чини 49 франци (околу 48,50 американски долари) и вклучува бесплатна храна и пијалок, а редовните билети чинат 19,50 франци (19 американски долари). Со плаќање на ВИП-билетот, не треба да чекате во редици за да купите грицки, закуски и пијалоци.

Кино дури нуди и папучи за да ви биде попријатно. И, во случај да не ви се допаѓа доволно, Венанзио Ди Бако, извршниот директор на Pathé Switzerland, неодамна соопшти дека воведуваат нови понуди за храна, вклучително вафли и палачинки.

Дури и најмладите посетители можат да уживаат во својот простор.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15 јануари 2026

ДЕСК

Емоции, пари и тајни одлуки: Што навистина носи 14 јануари за хороскопските знаци

ДЕСК

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК