17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во земјава нема нови лица кои се тестираат за коронавирус, зразената пациентка е во добра состојба

Во изминатото деноноќие не се тестирани нови пациенти од коронавирус и до овој момент нема нов случај на заболен од овој вирус во земјава, информираат од министерството за здравство.

Од таму додаваат дека единствената пациентка позитивна на вирусот е во добра здравствена состојба.

„Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим, според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Останатите патници кои биле во комбето со заразената која допатувала од Италија и лицата со кои тие оствариле непосреден контакт остануваат во домашна изолација.

Во моментов исто така нема македонски државјани заразени од овој вирус, ниту пак македонски државјани кои се под карантин во Италија.

Од министерството за здравство нагласуваат дека земјава ги спроведува препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за заштита и дека нема протстор за паника кај граѓаните.

„Апелираме до граѓаните да ги применуваат мерките за хигиена, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување“, порачуваат здравствените власти.

Можеби ќе ве интересира

“ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните”, тврди Илиевски

ДЕСК

ЕУ ја одобри втората транша средства за Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

ДЕСК

Комненовиќ: Реализиравме 130 проекти, барам доверба за уште еден мандат да продолжиме со исто темпо

ДЕСК