Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Прочка нека ни донесе духовно помирување и обединетост околу вистинските вредности

Прочка е ден кога бараме прошка и кога со тој голем дар ги отпочнуваме деновите на големиот велигденски пост, како подготовка за најголемиот православен христијански празник, нагласува во честитката по повод денешниот празник, техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Пораката што ја праќа денешниот празничен ден го одредува патот на нашето внатрешно и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на заедница на граѓани исполнети со љубов кон другиот и со меѓусебно почитување. Тоа е концепт што носи добро за сите“, вели Спасовски кој честитајќи го празникот на граѓаните им посакува добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување.

Техничкиот премиер додава дека овој празник повикува на тоа да ги оставиме зад нас делбите и конфликтите.

„Пред нас е време на лична и општествена одговорност. Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено“, истакнува Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК