Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Бочварски: Утре Штип испишува нова историја, трасираме пат за иднината, за побрз развој на нашиот град, за денешните и идните генерации, за развој на бизнис секторот, за работниците и студентите..

Фејсбук статус на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски:

Утре Штип испишува нова историја, трасираме пат за иднината, за побрз развој на нашиот град, за денешните и идните генерации, за развој на бизнис секторот, за работниците и студентите, за сите граѓани.

Мостовите имаат моќна и важна симболика во општеството – тие се симболи на поврзувањето, на соработката, на развојот. Но, мостовите имаат и многу конкретна економска вредност, затоа што овозможуваат суштинска експанзија на продуктивната размена.

Затоа овој мост и украс на градот ќе го носи името мост „Иднина“ како конкретен израз на соработката помеѓу сите ентитети вклучени во локалното управување, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет денеска и во иднината.

Понеделник 2 март 2020 година во 13 часот после 65 години го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да работат на 25 мај

ДЕСК