Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев му го даде телефонот на Мицкоски да го бара Груевски, Мицкоски му рече пишете му порака

Еве ви го телефонот, барајте го вашиот шеф од Будимпешта да ви каже каков став да заземете. Немате став за ништо, му рече Зоран Заев на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски пак му возврати на Зоран Заев дека тој треба да му пише порака бидејќи имал информации и сознанија дека неколку пати до сега Заев му праќал пораки на поранешниот премиер Никола Груевски.

Пишете му вие порака. Имам и јас некои работи во џеб, но водителот не предупреди дека не смееме да ги извадиме во јавност во текот на дебатава, додаде Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК