3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев до Мицкоски: Кога зборуваш како Груевски да го слушам на плејбек, се уште верувате дека власта треба да се меша во судството

Кога зборува Мицкоски како Груевски да го слушам постојано. Се уште има уврерувања дека извршната власт има право да се меша во судството. Законите се донесени, во такви околности очекуваме правосудството да ги носат одлуките согласно Устав и закон, но се повторува истата матрица во говорите на ВМРО-ДПМНЕ. Во демократија различна е парламентарна, извршната и судската власт. Затоа велам дека Мицкоски не може се одлепи од Груевски, како на плејбек. Еднаш треба конечно да се оградите од Груевски, изјави лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев.

Во однос на Законот за Јавно обвинителство и маршот на СДСМ за правда, Заев изјави дека сите услови се исполнети, односно законот е донесен и останува на правосудството да ги спроведе промените.

-Извршната власт ги изготви решенијата, парламентот ги донесе решенијата. Сега останува самата примена на Законот за ЈО. Маршот беше да испратиме порака дека будното око на јавноста е кон судиите и обвинителите. Не треба да се дозволи никогаш повеќе да застаруваат предметите. Доколку застари предмет, судијата треба да биде разрешен. Не смеат да се чуваат во фиока предметите и да се одложуваат рочишта. Судството е незавинса власт, не треба да има местење како до 2018 година кога се деригираа судиите и се местеа. Она што очекуваме е тоа што го збори народот, а тоа е доколку има докази да има осуда без никакво влијание врз правосудството, вели Заев.

Спонзорирано: