10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ : Мицкоски е нагазна мина и опасен по животната средина

„ВМРО-ДПМНЕ за 11 години на власт направија бројни катастрофални и апсурдни проекти кои сведочат за нивното криминално владеење.Такво сведоштво е и фасадата од 11 милиони евра на МЕПСО , која на еден поголем налет на ветер се сруши и беше потенцијален ризик по животот на граѓаните.Барокот , спомениците, рајските градини се проектите кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 години на власт,истовремено безмилосно расфрлајќи се со парите на граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Поскапување на струјата за 100%, укинување на ефтината тарифа и увоз на струја на вртоглави 38%.Тоа се проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираше за времето на владеење.
Затоа денес не се чудиме ниту на апсурдните проекти кои им ги нудат на граѓаните, а се во насока на предизборни ветувања.Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што додека цела ЕУ има јасна стратегија на затворање на сите електрани на јаглен и за 30 години целосно да биде укинато, Христијан Мицковски предлага отворање на нова термоцентрала.

Додека земјата се гасифицира и додека одиме на соларни панели, Мицкоски сака да ја враќа земјата назад во енергетска опасност.Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ се огледа и во тоа што предлагаат гасификација на Клинички центар , а изгледа забораваат дека таа е завршена и Клинички е гасифициран.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја модернизирале РЕК Битола? Токму состојбата во РЕК Битола во 2017 беше катастрофална, а еколошките процеси очајни. Денес, постапката за новите филтри во РЕК Битола е готова и за прв по после 40 години од монтирањето филтри, РЕК Битола ќе има нови.Ќе се направи темелна реконструкција на трите филтри и замена на вентилаторите. Тоа значи дека за прв пат по инсталирањето на филтрите во 80-те години, во 2020 година оваа година наесен ќе се врши целосна реконструкција на електростатскиот филтер на овој блок, 2021 и 2022 на другите два блока и од 2023 до 2025 ќе се заврши и втората фаза десулфуризацијата. При тоа, обезбедени се 32 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ само потврдуваат дека кај нив ништо не се сменило,на граѓаните им нудат проекти кои се опасни за животната средина.Граѓаните добро нека ги запаметат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и најлошиот директор на ЕЛЕМ Мицкоски кој е нагазна мина од која последиците накрај ќе ги трпат токму граѓаните.Деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се вратат, земјата мора да оди напред.Затоа на 12 април сите заедно ќе порачаме режим никогаш повеќе“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: