Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Граѓаните се смирени и не подлегнуваат на очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да шири неоснована паника за вирусот

Сите институции на државата се ставени во функција за справување со Ковид – 19 вирусот. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје се во постојана мобилизираност и со посветеност ги следат информациите и потенцијалните опасности од вирусот, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ситуацијата е под контрола, институциите се подготвени за брза реакција и ги преземат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи.

Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните.

Партијата на Христијан Мицкоски никогаш не знаела како да се справува со кризни ситуации, а сега кога целиот човечки и институционален капацитет е ставен во функција на заштита на здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во очај и безидејност пласира лажни информации преку кои се обидува да создаде неоснована паника меѓу граѓаните.

Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже конструктивност и вистинска грижа за здравјето на нашите граѓани, , тогаш нека престане да измислува лаги со кои ги вознемирува граѓаните.

Граѓаните да не подлегнуваат на очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да шири неоснована паника за вирусот и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +