Неофицијален клип зад сцената на No Time To Die открива неколку изненадувачки детали за легендарниот шпион пред премиерното прикажување во Лондон, закажано за 3 април.
Кари Фукунага, режисерот на новиот филм за Џејма Бонд, No Time To Die („Не е време за умирање“),тајниот агент го спореди со рането животно и откри дека дејствието на филмот се случува пет години по повлекувањето на 007 од тајната служба МИ6.
Во клипот, режисерот на филмот ѝ кажа на публиката дека агентот 007 всушност, бил надвор од акција цели пет години по застрашувачките настани од последниот филм во серијалот, „Спектре“ од 2015 година.
За разлика од многуте други филмови од серијалот кои воглавно почнуваат со тајниот агент „во својот елемент“, односно тој пие мартини во пријатно друштво на убава дама, „Не е време за умирање“ ветува подлабоко навлегување во мрачната, поранлива страна на Бонд.
„Што му се случило?“ Фукунага прашува во клипот… „Тој е како рането животно кое се бори со неговата улога на двоен 007. Светот се променил. Правилата на војување не се исти. Правилата на шпионажа се помрачни во оваа ера на асиметричко војување.“
„И што е уште поважно, луѓето кои му се блиски на Бонд – оние кои тој ги смета за фамилија – се во голема опасност.“
„И се појавува нов непријател… многу поопасен од кој било претходно. Кои и да се, тие се попаметни и посилни од Спектре“, вели Фукунага./Makfax