Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Притворот беше побаран бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, како и можност тој да се обиде да ги сокрие трагите од кривичното дело, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повтори делото. Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка донесе Решение со кое на лицето му определи притвор во траење од 30 дена.

Инаку, за 22-годишниот жител на Гевгелија Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека тој на 23 февруари присилил на обљуба девојче на возраст од 14 години. Оштетената дошла во домот на осомничениот заедно со нејзин другар. Во домот на осомничениот имало уште едно лице, кое ја турнало оштетената во собата со осомничениот и ја заклучило. Со употреба на сила и закани, осомничениот извршил обљуба врз малолетничката, која цело време викала и барала помош, а потоа и се заканил на никого да не кажува за настанот.“ – соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК