Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за кумановски полицаец кој побарал поткуп за да не напише казна

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полицаец од Ранковце, (СВР Куманово), поради сомнение за сторено кривично дело примање поткуп.

Пријавениот полицаец, за време на рутинска контрола, од возач на автомобил „фолксваген пасат“ со кумановска регистрација побарал и примил поткуп за да не преземе мерки, односно да не напише казна за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот.

По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, полицаецот бил уапсен и против него е поднесена кривична пријава.

По извршениот распит, судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување дисциплинска одговорност./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК