Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2322235481416805

Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно со утврдениот протокол.

Од министерството велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а од вчера се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од коронавирус.

„Го подигнавме степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од коронавирус“, соопштија надлежните.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера апелираше до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија. На аеродромот во Скопје мерките се прошируваат, не само за патниците кои доаѓаат од Кина, преку конекциите од Истанбул и Дубаи, туку практично за сите патници, со тоа што сега ќе бидат скринирани на местото каде што се влегува во делот за царина.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК