Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Декан на Ветеринарниот факултет во Битола незаконски се унапредил себеси и свој колега

Битолската полиција поднесе кривична пријава против Г.Ж. (60), декан на Ветеринарниот факултет во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што информираат од МВР, пријавениот во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари.

Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на колега од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК