Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нема информации за заразени Македонци со коронавирусот во Италија

До овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од коронавирусот во Италија, соопшти Министерството за надворешни работи по информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција, Италија.

Во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23.000 македонски државјани. Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-пошта venice@mfa.gov.mk.

„Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот“, велат од МНР.

Министерството препорачува зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус во Италија и четири смртни случаи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК